.

Планинска Роса нов поддржувач на клубот Академија ФМП


Планинска Роса нов поддржувач на клубот Академија ФМП

Управата на Академија ФМП со задоволство започна нова соработка со компанијата Планинска Роса која ќе се грижи сезонава за нашиот тим преку снабдување со минерална вода.

Станува збор за природна изворска вода која се полни од изворот Вривода во Крапа. Експертите ја препорачуваат токму изворската вода за пиење бидејки зачувувањето на изворскиот состав и природната чистота ја издвојуваат во посебна група во однос на останатите води.

По своите својства односно содржина на минерали Планинска Роса спаѓа во хидрокарбонатно-калцијски тип на ладна изворска вода. Урамнотежен минерален состав ја прави исклучително питка и одличен избор за секојдневниот внес на течности и минерали. Идеалната комбинација на магнезиум и калциум ја прават совршена за освежување и враќање на виталноста на организмот.

Со официјализирањето на оваа соработка, компанијата Планинска Роса им се придружува на нашите спонзори Навико, Кадино, Вити, CodeCordia, Виталиа, Алумил, Бела, Play All Day и општина Кисела Вода кои го помагаат нашиот клуб да ги постигне зацртаните резултати и целите на клубот. Соработката со овие фирми и компанијата Планинска Роса, би требало да биде мотив плус и за останатите општествено-одговорни компании кај нас да ја препознаат амбициозностата на нашиот клуб за престојните сезони и со нивна помош да стигнеме до остварување на целите.

Спонзори и Партнери