.

За Академијата


Кошаркарскиот клуб Академија ФМП е кошаркарски клуб чија организација и идеја на основање е насочена кон развој и создавање на млади играчи.

Кошаркарската Академија ФМП постои од 2013 година. Брои 230 членови во сите категории во машка конкуренкција. Клубот брои 20 административни членови и спортски работници. Стручниот штаб го сочинуваат 10 помлади и поискусни тренери со завршено високо образование. Маркетинг тимот го сочинуваат 3 членови, кои што се грижат за маркетинг, брендирање и медиумска застапеност. Останатите членови се грижат за администрација и менаџирање на клубот.

Тренажниот процес на младите играчи се одвива во 10 училишни сали и е воден од стручен тим, составен од професори по кошарка и спорт.

Мисија

Клубот да стане најголема и најквалитетна кошаркарска академија во Република Македонија со континуирано зголемување на бројот на членови и континуирано подобрување на стручниот кадар во клубот и континуиран настап во првата сениорска лига.

Визија

Во наредните 4 години клубот да биде еден од најуспешните клубови во сите младински категории во државата и да ччествува во прва сениорска лига со екипа составена од играчи од младинските категории на клубот.

Цели

  • Обезбедување на сопственa сала;
  • Обезбедување на сопствен превоз за селекциите;
  • Обезбедување на сместувачки капацитет за најталентираните играчи;
  • Развој на играчи од кошаркарската школа и инфилтрирање во сениорската екипа;
  • Започнување со работа во женска конкуренкција;
  • Континуирана едукација и подобрување на стручниот кадар.

Организациска Структура

  • Стручен Штаб - 10 членови
  • Менаџерски Тим - 4 членови
  • Маркетинг Тим - 3 членови
  • ИТ Тим - 3 членови

Поранешни Тренери и соработници

  • Никола Василев
  • Александар Петровиќ
  • Анте Дуковски

Достигнувања

  • Сезона 2017/2018
    • Генерација М20 - 2ра позиција во националното првенство на Македонија
    • Генерација М14 - 1ва позиција на интернационален турнир „Балкан Куп“
  • Сезона 2016/2017
    • Сениорска Селекција - 3та позиција во Втора Лига на националното првенство на Македонија
    • Генерација М20 - 3та позиција во националното првенство на Македонија
  • Сезона 2015/2016
    • Генерација М18 - 4та позиција во националното првенство на Македонија
    • Генерација М14 - 3та позиција во националното првенство на Македонија

Проекти

  • Пилот проект: Креирање на сопствена училишна лига
  • Организација на летни кампови
  • Организација и учество на меѓународни и домашни турнири во сите возрасни категории

Спонзори и Партнери