.

Спорт за секое дете


Спорт за секое дете

Кошаркарска Академија ФМП се вклучува во проектот „Спорт за секое дете“ на Општина Кисела Вода. Започнувајќи од 3ти Април сите деца од територијата на Општина Кисела Вода, ќе имаат можност да посетуваат бесплатни кошаркарски тренинзи во Спортската Сала „Независна Македонија“, лоцирана во дворот на Основното Училиште „Невена Георгиева – Дуња“.

Сите деца кои ќе се вклучат на кошаркарските тренинзи, ќе добијат бесплатна спортска опрема.

Ги повикуваме сите деца од Општина Кисела Вода да ги посетат тренинзите во следниве термини:

  • Понеделник: 16:00 – 17:00
  • Вторник: 17:00 – 18:00
  • Среда: 17:00 – 18:00
  • Четврток: 16:00 – 17:00

Информации на: 075 782 863 и info@fmp.mk

Спонзори и Партнери