.

Прв пораз во сезоната


Прв пораз во сезоната

Кошаркарскиот клуб ФМП Академија го доживеа првиот пораз во сезоната 2018/19. И тоа кога најмногу се очекуваше од нив пред домашна публика која дојде во голем број во салата Независна Македонија во Кисела Вода, во возвратниот меч од финалето на Втората лига. Поразот дојде во најлош момент кога се одлучуваше кој ќе биде шампион во Втората лига и ќе обезбеди директен пласман во Првата кошаркарска лига на Македонија.

По победата нагости во првиот меч против МЗТ Скопје Аеродром 1 со 86-87, овој натпревар требаше да биде круна на сензационалната сезона на ФМП Академија во која доминираа во сите натпревари и без пораз 24-0 влегоа во последниот натпревар пред многу бројната домашна публика.

Но, притисокот пред големиот успех кој беше на дофат си го направи своето. Кошаркарите на ФМП Академија одиграа лоша последна четвртина што им донесе прв и единствен пораз во Втората лига оваа сезона и кој автоматски значеше дека шансата за Првата лига ќе ја бараат со уште еден бараж двомеч.

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром 1 ја однесоа победата со 66-77 и ќе бидат втората екипа на МЗТ од Аеродром во Првата лига.
За ФМП Академија останува уште една шанса за влез во елитното друштво. Ќе играат двомеч против Шкупи кој го освои претпоследното место оваа сезона во Првата лига.

Победникот ќе го пополни последното место во елитното друштво во сезоната 2019/20.

Автор: Томислав Атанасовски

Спонзори и Партнери