.

Ноа Блантон (23) и Александер Лонг (23) во дресот на ФМП


Ноа Блантон (23) и Александер Лонг (23) во дресот на ФМП

Со задоволство Ве информираме дека Академија ФМП има две нови засилувања, американците, Ноа Блантон (23) и Александер Лонг (23). Ноа ќе дејствува на позиција бек, додека Алекс ќе ja покрива позицијата крилен центар. Со овие двајца нови играчи остануваме на нашата определба да градиме екипа од млади играчи.

Ноа доаѓа од екипата на Yuk Fai Basketball, Хонг Конг, додека Алекс доаѓа од екипата на Akademik Bulteks 99 Plovdiv, Бугарија. Им посакуваме успех со екипата на Академија ФМП.

 

 

 

Ноа Блантон

Ноа Блантон од 2014 до 2018 настапува за екипата Westmont Warriors College во NAIA лигата во САД пред да се пресели во Хонг Конг од каде доаѓа да настапува во македонското првенство во дресот на Академија ФМП. Роден е во Aliso Viejo, California, САД во 1996 година. Висок е 196cm и е со тежина од 100kg.

 

На видеото подоле можете да се уверите во неговите квалитети:

 

Александер Лонг

Александер Лонг од 2015 до 2019 настапува за екипата на Norfolk State College во NCAA лигата во САД пред да се пресели во Бугарија во екипата на Akademik Bulteks 99 Plovdiv. Одтаму доаѓа во екипата на Академија ФМП. Роден е во Clinton, Maryland, САД. Има висина од 203cm и тежина 102kg.

 

Погледнете ги неговите најдобри моменти од настапите во NCAA лигата:

 

 

Огромна благодарност до легендата на македонската кошарка Александар Књазев и неговиот син Ѓорѓи Књазев, за залагањата околу потписот на Ноа Блантон и претходно за потписот на Роналд Харрис. Благодарност до општина Кисела Вода и до сите спонзори и помагатели на клубот.

Спонзори и Партнери