.

Академија ФМП преку 15 кратниот шампион до сензација


Академија ФМП преку 15 кратниот шампион до сензација

Кој чека ќе дочека... Кошаркарите на Академија ФМП го направија најголемото изненадување во првата кошаркарска лига откако во салата ,,Независка Македонија,, во населбата Кисела вода го победија кој друг ако не најтрофејниот тим и лидер во македонската кошарка тимот на Работнички со 87-83 и на тој начин стигнаа до историската прва победа во нивната клубска историја во елитното друштво, а воедно му го нанесоа и првиот пораз на Работнички во сезоната дури во ова 5.коло.

Избраниците на тренерот Игор Гацов понесени од многубројната публика која и на овој натпревар беше нивни 6-ти играч во салата, со голем пресврт во последната четвртина и со серијата од 20-8 ги израдуваа фановите и ја забележаа првата победа во шампионатот. Сензацијата на дебитантот е уште поголема ако се знае фактот дека по првите 20 минути имаа негатива од 41-50, но и во тимот ги немаше двете нови засилувања од САД кои навреме не беа регистрирани. Со нив овој млад тим на Академија ФМП ќе има што да каже и да покаже во мак баскетот допрва. Кај домашниот тим најдобар со 24 коша беше Даниел Нацевски, а Лука Стојановски постигна 16. 

Во следното 6.коло тимот на Академија ФМП игра нагости кај шампионот МЗТ Скопје Аеродром. Дали младиот тим од населбата Кисела Вода ќе направи уште едно големо изненадување, останува да видиме.....

Автор

Томислав Атанасовски

 

 

Спонзори и Партнери