.

Мирковски нов тренер на КК Академија ФМП


Мирковски нов тренер на КК Академија ФМП

Владимир Мирковски е новиот тренер на клупата на сениорската екипа. Новиот тренер е назначен после спогодбениот раскин на договорот со Игор Гацов.

По неколку годишниот ангажман во Кина, Владимир одлучува да се врати во македонската прва лига на клупата на КК Академија ФМП, после успешните ангажмани во екипите на КК Бест Гевгелија и КК МЗТ Скопје Аеродром.

Новиот тренер ги соопшти првичните импресиите и очекувањата од екипата:

„Соработката со Академија ФМП се случи спонтано и неочекувано, за време на паузата во азиските лиги поради кинеската Нова година.

Оваа екипа е составена претежно од млади играчи кои јас многу добро ги познавам од младинските лиги.

Очекувам максимално вложување на играчите, а фактот дека мојата работа за нив не е непозната е голема предност и предуслов за успешна соработка.“

Покрај работата во Кина, Владимир во својата кариера беше тренер на КК Бест Гевгелија, беше селектор на репрезентацијата на Македонија до 16 години и беше асистент во екипата на КК МЗТ Скопје Аеродром. Има освоено повеќе титули како тренер во младинските категории на Вардар и МЗТ Скопје Аеродром и има освоено титула во првата македонска лига како асистент на МЗТ Скопје Аеродром.

Очекуваме новиот тренер да ја пренесе својата енергија во екипата и да го подигне нивото на борбеност и залагање на играчите во секој натпревар. Му посакуваме долга и успешна работа со екипата на Академија ФМП.

Спонзори и Партнери