.

Тајрон Харис е новото засилување на Академија ФМП


Тајрон Харис е новото засилување на Академија ФМП

За време на тринеделната пауза, сениорската екипа се засилува со Тајрон Харис, играч кој е повратник во македонското првенство, каде во минатото има настапувано за екипите на КК Бест Гевгелија, КК Шкупи и последно за екипата на КК Пелистер. Се работи интензивно на комплетирање на составот кој ќе гарантира опстанок во првата лига.

Тај Харис е роден во Хоума, Лузијана (САД) на 13 Ноември 1991 и покрај во македонските екипи, има настапувано во NCAA лигата во САД и во екипата на Слобода Тузла во босанското првенство. Висок е 188cm и тежок 79kg. Игра на позицијата бек.

 

Во македонското првенство има одлични настапи со просек од 18.7 поени по натпревар, 3.9 скокови по натпревар и 4.8 асистенции по натпревар.

Најдобри потези во екипата на КК Пелистер

 

 

Спонзори и Партнери