.

Академија ФМП го надополнува ростерот со потписот на Горан Главчев


Академија ФМП го надополнува ростерот со потписот на Горан Главчев

Горан Главчев е нов член на екипата, кој од Работнички преминува во нашите редови и ќе се стави на располагање на тренерот Владимир Мирковски. Тој досега има настапувано за екипите на Работнички, Кожув и Блокотехна, каде беше и капитен на екипата. Пред неколку години се најде на поширокиот список на селекторот Давитков во репрезентацијата на Македонија.

Горан Главчев е роден во Гевгелија на 19 јуни 1993 година. Кариерата ја има започнато во екипата на Кожув со која стана вицепрвак во Купот на Македонија 2015 година. По ангажманот во Кожув и позајмицата во Радовиш, Главчев продолжува да настапува во екипата на Блокотехна со која ја освои Балканската Лига 2018/2019 и стана вицепрвак во Купот на Македонија 2019. Оваа сезона ја започна во екипата на Работнички од каде доаѓа во екипата на Академија ФМП. Тој е и еден од малкумината во македонското првенство кој има постигнато трипл-дабл ефект против екипата на Струмица.

 

Најдобри потези во сезоната 2016/2017

 

Спонзори и Партнери