.

Петровиќ нов тренер на клупата на КК Академија ФМП


Петровиќ нов тренер на клупата на КК Академија ФМП

Кошаркарскиот клуб Академија ФМП со нов тренер ќе ја започне наредната кошаркарска сезона 2020/21. Новиот тренер Александар Петровиќ, доаѓа од екипата на Куманово каде што ги помина последните 3 сезони.

Очекувањата на новиот тренер за претстојната сезона се:

„Костурот на екипата ќе биде составен од перспективни млади играчи подржани од квалитетни странски засилувања. Ќе се трудиме со тие млади играчи да постигнеме резултат и пред сѐ да се игра модерна кошарка и да бидеме конкурентна екипа.“ – изјави Петровиќ

Во досегашната тренерска кариера, Петровиќ бил на клупата на МЗТ Скопје, Карпош Соколи, Пелистер, Куманово и бил селектор на јуниорската репрезентација.

Со ангажманот на Петровиќ, клубот сака да прерасне во еден стабилен прволигаш, да биде достоен противник на сите екипи и да го задржи костурот на домашни и странски играчи од минатата сезона.

Претходната сезона клубот го водеа Гацов и Мирковски, на кои им се заблагодаруваме за постигнатите резултати во клубот и им посакуваме успешна кариера.

Спонзори и Партнери