.

Лука Стојановски со нов договор со Академија ФМП


Лука Стојановски со нов договор со Академија ФМП

Лука Стојановски ја продолжува верноста кон Академија ФМП со потпишување на нов договор во времетраење од 2 години, со можност за продолжување на уште една дополнителна.

Во првата моја сезона во овој клуб сум задоволен од постигнатото, како на индивидуален план така и тимски, воедно ја остваривме целта на тимот за опстанок во првата лига. Очекувањата за следната сезона со новиот тренер се поголеми со што ќе допринесеме сите да се задржи тимскиот дух за нови успеси и подобра позиција на табелата и сум благодарен за укажаната доверба.“ 

20-годишниот кошаркар кој настапуваше за сите младински репрезентации на Македонија и е поранешен кошаркар на МЗТ Скопје, минатата година во просек постигнуваше по 7 поени на натпревар. 

Спонзори и Партнери