.

Стефан Крстајиќ ново засилување на Академија ФМП


Стефан Крстајиќ ново засилување на Академија ФМП

Минатогодишниот МВП играч на Црногорското првенство го засилува ростерот на Академија ФМП за сезоната 2020/21. Крстајиќ кој минатата сезона со 25 индексни поени беше прв во првенството на Црна Гора доаѓа во нашиот тим од редовите на екипата на Приморје, каде што постигнуваше 22 поена, 5.6 скока, 5 асистенции и 2 украдени топки по натпревар. 

25 - годишниот кошаркар кој игра на позициите 1 и 2, во својата кариера има настапувано за екипите на Златибор од Србија и Приморје од Црна Гора, а за преминот во Академија ФМП изјавува:

„После Србија и Црна Гора, ја продолжувам мојата кариера во Македонија и ми претставува големо задоволство што ќе го носам дресот на Академија ФМП. Успеавме за кратко време да се договориме, бидејќи препознав дека се работи за сериозен клуб, амбициозен и добро организиран.
Имаме добри услови за тренинг и мислам дека соработката со тренерот Петровиќ ќе ми помогне доста во понатамошната кариера. Се надевам дека ќе составиме добра екипа и ќе имаме успешна сезона со многу победи.“

Спонзори и Партнери