.

Главчев и Србиновски ја продолжија верноста кон Академија ФМП


Главчев и Србиновски ја продолжија верноста кон Академија ФМП

Горан Главчев и Дејан Србиновски продолжуваат да го носат дресот на Академија ФМП и во наредната сезона. 

Главчев кој во својата кариера настапуваше за Кожув, Младост Земун, Блокотехна и изминатата сезона го носеше дресот на Работнички од каде што премина во нашиот клуб пред крајот на регуларниот дел, го продолжи договорот и за наредната сезона и е спремен да биде дел од еден нов предизвик.

„Претходната сезона поминав нецели два месеца во клубот и со мене понесов убави впечатоци. Сега имаме нов тренер со кој што досега немам соработувано меѓутоа за неговата работа имам слушнато само пофални зборови и ќе ми биде чест да бидам дел од таков еден предизвик.“

Србиновски кој веќе 3та сезона по ред ќе го носи дресот на нашиот тим, во својата професионална кариера има настапувано за екипите на Вардар и Куманово каде што соработуваше со новиот тренер Петровиќ и е запознаен со неговиот начин на работа.

„Ми претставува задоволство што ќе го носам дресот на Академија ФМП и во наредната сезона. Се надевам на успешна сезона и подобри резултати од изминатата и дека ќе ги оправдам очекувањата од тренерот Петровиќ.“

Спонзори и Партнери