Заради блага настинка и заради сигурност на останатите соиграчи и стручен штаб како и на сите учесници во кошарката, денес на еден од нашите играчи беше извршено Ковид-19 тестирање со кое се установи дека играчот е негативен на вирусот. Заради воочените симптоми е откажан денешниот пријателски натпревар против екипата на МЗТ Скопје Аеродром 2.
Со ова ја потврдуваме нашата транспарентност кон целата ситуација предизвикана од корона вирусот и ги демантираме сите шпекулации дека било кој од играчите, стручниот штаб и администрацијата е заболен од Ковид-19.
Продолжуваме да ги следиме протоколите и препораките од кошаркарската федерација и од владата на Македонија!
Бидете одговорни и заштите го Вашето и здравјето на другите!