.

Голема победа над екипата на Гостивар


Голема победа над екипата на Гостивар

После 8 месеци пауза од официјални натпревари, во првото коло од престојната натпреварувачка сезона, нашиот тим избори голема победа врз фаворитот, тимот на Гостивар.

Нашиот тим предводен од тренерот Петровиќ, успеа да победи во првиот домашен натпревар со резултат 84-75. Во ниеден момент од натпреварот не дозволивме гостинската екипа да го превземе водството, а нашата екипа дури имаше и максимални 17 поени разлика.

Во домашната екипа најефикасен на натпреварот беше Крстајиќ со 23 поена и 6 асистенции. Харрис со 18 поени и 5 асистенции беше вториот најдобар поединец во нашиот тим. Петровски со 12 и Атанасов со 10 поени беа останатите двоцифрени играчи, а со 10 скокови се истакна Темелковски.

Кај гостите најефикасни беа Армстед со 19 и 7 асистенции, Тодоровиќ со 14, Мозли и Димитриевски кој постигнаа по 13 поени. 

Наредниот натпревар го играме против екипата на ЕуроНикел од Кавадарци, на гостински терен.

Линк до статистиката од натпреварот.

Спонзори и Партнери