.

ЕуроНикел 2005 наш следен противник во првенството


ЕуроНикел 2005 наш следен противник во првенството

Нашата екипа после победата во првото коло над екипата на Гостивар, во второто коло гостува во Кавадарци, каде што ќе не пречека домашната екипа, тимот на ЕуроНикел. Во текот на денешниот ден беше извршено тестирање за Ковид-19, каде што нашиот тим не појави позитивни случаи односно присуство на вирусот кај нашата екипа. 

Темелковски кој на претходниот натпревар постигна 6 поена и 10 скока со свое видување за натпреварот:

„Утрешниот натпревар ќе биде доста тежок, бидејќи играме со екипа која во текот на подготвителниот период одигра на многу високо ниво. Сепак притисокот е на нивна страна, а наше е само да искочиме и да уживаме во играта. 
Изминатиот период беше исполнет со многу турбуленции, но сепак не бараме алиби и спремни сме да искочиме на терен и да ја играме нашата игра.“

Верувам во соиграчите како и во стручниот штаб и се надеваме на позитивен исход од натпреварот.“

Тренерот Петровиќ задоволен од победата на претходниот натпревар, најавува борба за секоја топка и обид за повторно изненадување на противникот.

„„После натпреварот со Гостивар каде што успеавме да го победиме еден од фаворитите за првите 4 места на табелата, ни следува натпревар против екипата на ЕуроНикел на гостински терен. Домаќините располагаат со искусен тим кој претендира за врвот на табелата и знае во секој напад што сака. Наш најголем адут е младоста и доброто расположение на екипата после победа над Гостивар, ќе се потрудиме да дојдеме до позитивен резултат и да ги инзенадиме домаќините, покрај нивната фаворитска улога."."

Спонзори и Партнери