.

Со максимална пожртвуваност и контрола на скок играта до нова победа - едногласни Петровиќ и Петровски.


Со максимална пожртвуваност и контрола на скок играта до нова победа - едногласни Петровиќ и Петровски.

Во саботниот натпревар од 3тото коло, каде го пречекуваме тимот на Куманово во салата Независна Македонија во општина Кисела Вода со почеток од 18:00 часот, тренерот Петровиќ и доскорешниот играч на Куманово, Лука Петровски едногласно изјавија дека контролата на скок играта и максималната пожртвуваност ќе бидат клучен фактор на натпреварот.

„Утре не очекува тежок натпревар со конкурент за висок пласман, но без разлика на тоа нашата екипа ќе влезе максимално мотивирано во тој натпревар.  Од натпревар во натпревар сме повеќе воиграни и дека даваме максимум од нашите способности. Куманово има нов солиден тим со добри играчи. 
Се надевам на голема пожртвуваност како во нападот така и во одбраната и дека ќе дојдеме до посакуваната победа“
- изјави Петровски.

После поразот со ЕуроНикел не очекува нов натпревар со екипата на Куманово. Од моите играчи очекувам максимална пожртвуваност за секоја топка и на секој дел од теренот. Клучен фактор ќе биде скок играта, која ни недостасуваше на претходниот натпревар. Со добра игра во одбраната и како што напоменав контрола на скок играта под кошевите, се надевам на нова победа на домашен терен.“ - изјави тренерот Петровиќ кој во минатите 3 сезони беше на клупата на Куманово.

Спонзори и Партнери