Во натпреварот од престојното коло во Првата Македонска лига, ни гостува екипата на ТФТ која воедно е и наш претставник во БИБЛ Лигата. Натпреварот кој ќе се одигра во салата „Независна Македонија“ во општина Кисела Вода со почеток во 17:00 часот ќе биде пренесуван на МРТ, воедно и шанса за продолжување на победничката серија на домашен терен.
„Пред се добро е што почнавме повторно со натпревари после повеќе од месец дена. Претходниот натпревар со екипата на Вардар и покрај нашата лоша игра успеавме да победиме.
Играме со екипата на ТФТ, која настапува во БИБЛ лигата и е во подобра форма од нашата во моментов. Екипата мора да влезе со подобар пристап на овој натпревар и пред се ние ги знаеме нивните јаки и слаби страни и се надевам на добар натпревар и добро издание на нашиот тим и нормално атакуваме на победа.“ - изјави тренерот Петровиќ
„Без разлика кој е противникот, ние влегуваме максимално мотивирани на секој натпревар. После победата против екипата на Вардар, не очекува нов натпревар против екипа која настапува во БИБЛ Лигата. Спремни сме да искочиме на терен да го дадеме својот максимум и со сериозен пристап и максимална пожртвуваност убеден сум дека ова ќе биде наша четврта победа за оваа сезона.“ - изјави Валмир Какурки пред натпреварот со ТФТ