.

Непоразениот Пелистер гостува во Кисела Вода


Непоразениот Пелистер гостува во Кисела Вода

После победата против екипата на ТФТ, нашиот тим на домашен терен го пречекува тимот на КК Пелистер од Битола во заостанатиот натпревар од 5-тото коло кој ќе биде одигран на 23.12.2020 среда, со почеток од 19:00 часот во салата Независна Македонија во Кисела Вода.

Со максимална мотивација и исполнување на тактичките замисли, за продолжување на серијата на победи на домашен терен против непоразената екипа на Пелистер, се размислувањата на нашиот тренер Александар Петровиќ и играчот Дејан Србиновски.

„Играме против екипата на Пелистер која е сериозен конкурент за висок пласман во овој шампионат, воедно е и фаворит на утрешниот натпревар. Двете екипи имаат серија на добри резултати, но како и на секој натпревар нема да се предадеме предвреме и очекувам мојот тим да го даде својот максимум. Имаме свои тактички замисли, ги знаеме нивните јаки и слаби страни и се надевам дека ако го исполниме зацртаното може да стигнеме до позитивен резултат.“ - изјави тренерот Петровиќ.

„Со оглед на тоа што двете екипи сме во победничка серија со сигурност не очекува возбудлив натпревар. Ова е најголемиот тест за нас оваа сезона, екипата на Пелистер која е една од екипите која атакува на висок пласман, но ние како тим во секој натпревар влегуваме максимално подготвени и мотивирани за да ја продолжиме серијата на победи.“ - изјави Србиновски.

Спонзори и Партнери