.

Убедлив триумф против екипата на КК Крива Паланка


Убедлив триумф против екипата на КК Крива Паланка

Убедлива победа на гостувањето во Крива Паланка. Го задржуваме 100 постотниот ефект во натпреварувањето во втората лига. Академија ФМП го контролираше резултатот во целиот натпревар за на крајот да заврши со убедлива победа од 60-106. Моментално сме позиционирани на 3то место на табелата, со еднаков број на бодови со КК Карпош Соколи на 2та позиција и КК МЗТ Скопје Аеродром на 4та позиција, со еден натпревар помалце од прво пласираниот тим на КК Борец од Велес. 

Во првата четвртина домаќинот даде најголем отпор па така таа заврши (15-19), со минимално водство на Академија ФМП. Втората четвртина ја добивме убедливо со 6-28, па така на полувреме се отиде со резултат 21-47 за Академија ФМП. Со сличен тек се одвиваше и третата четвртина која заврши во полза на Академија ФМП со 19-33 за краен резултат пред последниот дел од 40-80. Последната четвртина беше израмнета но високата разлика која ја создадовме во 2та и 3та четвртина ја донесе високата победа. Четвртата четвртина заврши со резултат 20-26 за финален резултат од 60-106.

Кај домаќинот со двоцифрен поени се истакнаа Димитар Митровски (17), Сергеј Цековски (12) и Методи Младеновски (10). Иако целиот тим на Академија ФМП одигра одличен натпревар, сепак со најмногу поени се издвоија Ѓорѓи Ристовски (23), Мартин Ристевски (19) и Александар Јовановски (17).

  • Време: Недела 11ти ноември 2018 година. 16:00 часот
  • Локација: Спортска сала „Бранители 2001“, Крива Паланка
  • Судии: П. Петровски, Д. Јосковски, Д. Петровски.
  • Делегат: З. Трајковски

Екипите настапија во следните состави:

  • КК Крива Паланка
    • #4 Христијан Стевановски, 2 лични грешки и 2 поени
    • #5 Методи Младеновски, 4 лични грешки и 10 поени
    • #6 Димитар Митровски ,17 поени
    • #7 Виктор Петровски, 4 поени
    • #8 Давид Митевски, 2 лични грешки и 1 поен
    • #10 Ведран Белешковски, 1 лична грешка и 3 поени
    • #11 Филип Георгиевски ,3 лични грешки и 7 поени
    • #12 Оливер Илиевски
    • #13 Младен Стојановски
    • #14 Трајче Ангеловски, 2 лични грешки и 4 поени
    • #15 Сергеј Цековски, 3 лични грешки и 12 поени
    • #23 Наум Додевски
    • Тренер: Ведран Белешковски
    • Помошник тренер: Мирослав Ивановски
  • КК Академија ФМП
    • #3 Златко Ристовски, 5 поени
    • #4 Филип Ѓорески, 3 лични грешки и 6 поени
    • #5 Константин Мартиноски, 3 лични грешки и 6 поени
    • #6 Илија Ристовски, 2 лични грешки и 6 поени
    • #7 Дамјан Ѓорѓиевски, 1 лична грешка и 8 поени
    • #8 Ѓорѓи Ристовски, 3 лични грешки и 23 поени
    • #9 Мартин Ристевски, 2 лични грешки и 19 поени
    • #10 Дарко најдовски, 4 лични грешки и 2 поени
    • #11 Александар Јовановски, 17 поени
    • #13 Кристијан Крстески, 3 лични грешки и 9 поени
    • #14 Дејан Дуковски, 2 лични грешки и 2 поени
    • #15 Стефан Донаковски, 3 лични грешки и 3 поени
    • Тренер: Игор Гацов
    • Помошник тренер: Златко Мокров

Спонзори и Партнери