.

Непоразени и на стартот од вториот дел на сезоната


Непоразени и на стартот од вториот дел на сезоната

И по 15.коло во Втората кошаркарска лига на Македонија остана само еден непоразен тим од почетокот на сезоната 2018/19. Тоа е тимот на Академија ФМП кои во ова коло по вторпат оваа сезона беа подобри од составот на ТФТ, но овојпат на гостински терен.

Академија ФМП славеше победа од 68-51 со што стигна до 11 победа во второто по ранг кошаркарско натпреварување на Македонија. Академија ФМП му го нанесе 4-тиот пораз на ТФТ оваа сезона. Натпреварот беше одлучен во последната четвртина која Академија ФМП ја доби до 26-9.

Најдобар во составот на Академија ФМП, а воедно и на натпреварот беше Александар Јовановски со 23 поени од кои 5 тројки, а двоцифрен број на поени постигнаа уште и Бојан Стојановски 13 и Стефан Донаковски 11. Со оваа победа Академија ФМП го продолжи 100% учинок и доминацијата во втората лига, со што остана еден од главните кандидати за влез во првата кошаркарска лига на Македонија следната сезона.

Следен противник на Академија ФМП е составот на Дино Баскет, а натпреварот ќе го одигра пред домашна публика, во петок 22.02.2019 од 20:30 часот.

Автор: Томи Атанасовски

Спонзори и Партнери