.

Значајна победа против ривалот МЗТ Скопје, за 13-0 во Втората лига


Значајна победа против ривалот МЗТ Скопје, за 13-0 во Втората лига

Кошаркарите на Академија ФМП го добија дерби дуелот од 17.коло против МЗТ Скопје Аеродром 2 во Втората кошаркарска лига на Македонија. На нивни терен во СЦ Јане Сандански, Академија ФМП славеше значајна победа од 79-88 и на тој начин ја продолжи победничката серија и доминацијата во второто по ранг кошаркарско натпрварување во државата.

Оваа победа беше 13-та по ред за Академија ФПМ и без пораз се на врвот на табелата. На полувреме нашиот тим имаше негатива од четири поени, (39-35), но натпреварот беше решен во второто полувреме.

За составот на Академија ФМП најдобар со 24 поени беше Стефан Донаковски, 14 постигна Мартин Ристевски колку што имаше и Бојан Стојановски, а 10 коша постигна Константин Мартиноски.

Во следното 18.коло тимот на Академија ФМП утре со почеток од 21 часот во спортската сала Независна Македонија игра против составот на Крива Паланка каде сме големи фаворити за победата.

Автор: Томислав Атанасовски

Спонзори и Партнери