.

Благодарност до сите поддржувачи на Академија ФМП


Благодарност до сите поддржувачи на Академија ФМП

Во пресрет на утрешниот натпревар со актуелниот првак МЗТ Скопје Аеродром и цела седмица полна со емоции од минато-неделниот натпревар и огромната победа против најтрофејниот македонски клуб Работнички, кошаркарскиот клуб Академија ФМП изразува благодарност до сите кои беа дел од првата историска победа на клубот во елитното натпреварување.

Најпрво честитки и благодарност за публиката, која коректно не бодреше во текот на целиот натпревар. Благодарност до нашите играчи и стручен штаб кои дадоа максимум од себе и одиграа одличен натпревар. Благодарност до гостинската екипа за фер прикажаната борба. Благодарност и до сите помагатели и подржувачи на клубот.

И за крај. Ветуваме дека оваа победа нема да не крене во облаци. Напротив, ќе работиме уште по напорно за да ја оствариме зацртаната цел и да продолжиме да бидеме атрактивниот новајлија во првата лига.

Спонзори и Партнери