.

Шампионот гостува во Кисела Вода


Шампионот гостува во Кисела Вода

 

 

Екипата на Академија ФМП во 15тото коло од првата македонска лига го пречекува актуелниот шампион, екипата на МЗТ Скопје Аеродром. Овој натпревар ќе биде деби за новиот тренер на сениорската екипа.

 

„Секако дека против себе имаме исклучително квалитетен противник, но нашата цел е да покажеме напредок во играта, повисоко ниво на организација и да го дадеме нашиот максимум.“  изјави Мирковски за натпреварот.

 

 

 

Со сличен став е и капитенот на екипата, Даниел Нацевски:

 

„МЗТ Скопје Аеродром е голем фаворит, но ние нема да се предадеме. Ќе го дадеме максимумот за да бидеме рамноправен противник и да покажеме добра игра. Имаме нов тренер, на кого му посакувам многу успех, што секако ќе биде дополнителен мотив за нас.“

 

 

Ги покануваме, сите љубители на кошарката, да присуствуваат во салата „Независна Македонија“ во недела на 9ти февруари од 17:00 часот. За сите кои не се во можност да присуствуваат, натпреварот ќе се емитува во живо на нашиот Youtube канал.

Спонзори и Партнери