Во 16тото коло од македонската прва лига, нашата екипа гостува во спортскиот центар „Кале“ кај екипата на КК Вардар. Натпреварот, кој е еден од престојните во битката за опстанок во првата лига, ќе се одигра во недела на 1ви март, со почеток од 19:30 часот.
Директниот дуел, кој и за двете екипи е назначен како клучен за опстанок во елитата, е втор меѓусебен натпревар сезонава. Во првиот натпревар на домашен терен ја совладавме екипата на Вардар со 95:66, но ова ќе биде многу поразличен натпревар бидејќи и двете екипи имаат промени во своите состави.
„Ова е многу важен натпревар за нас. Имавме сериозни подготовки и спремни сме да го дадеме максимумот“ изјави тренерот Владимир Мирковски.
Краток коментар за натпреварот даде и поранешниот член на КК Вардар, Дејан Србиновски:
„Ова ќе биде многу поразличен натпревар од тој во првата полусезона. Двете екипи се во изменет состав. Овој натпревар е од големо значење за нас, за понатомошниот дел од сезоната, со оглед дека Вардар се наши директни конкуренти за опстанок во лигата. Наше е да го почнеме натпреварот со правилен пристап и мотивација, за да дојдеме до посакуваната победа.“