.

Фаворитот Кожув со пораз заминува од Кисела Вода


Фаворитот Кожув со пораз заминува од Кисела Вода

Неверојатна изведба на момците на Владимир Мирковски, на домашен терен, против екипата на Кожув. На крајот славевме голема победа против фаворитот Кожув.

Натпреварот течеше постојано во резултатски егал се до седмата минута во последната четвртина, кога Академија ФМП дојде на 10 поени разлика, 76:66. Во последните минути, гостите се доближија најмногу на 5 поени разлика.  Првото полувреме заврши во полза на нашата екипа со резултат 36:29, за на крајот да извојуваме победа со резултат 83:73.

Најдобар играч на натпреварот беше Горан Главчев, кој одигра одлична партија со 18 поени, 4 скока и 4 асистенции. Имаше висок процент на реализација од 80% за 2 поени (4 од 5) и 75% за 3 поени (3 од 4). Најдобар поентер на натпреварот беше Александер Лонг со 20 поени, на кои надоврза 8 скока и една блокада. Одличен натпревар изигра и најновото засилување Тирон Харис кој постигна 14 поени, 5 скока, 8 асистенции и 2 украдени топки. Кај гостите од Гевгелија најдобри на паркетот беа: Томас Зданавичиус, кој постигна дабл-дабал ефект, со 19 поени, 12 скокови и 5 асистенции. Потоа, Димитар Караџовски кој постигна 16 поени, 3 скокови и 2 асистенции и Девон Џенкинс со 15 поени и 7 скока.

На следниот линк е целокупната статистика од натпреварот, а подоле можете да погледнете снимка од целиот натпревар.

 

 

Спонзори и Партнери