.

Navico Shipping


Navico Shipping

Навико Шипинг е една од првите приватни компании во Македонија со дејност поморски транспорт. Oснована во 1996-та, таа константно прикажува раст и континуирано проширување на своите услуги.

Навико Шипинг во 2018 се најде на 11-тото место на листата на Inc.com за најбрзорастечки приватни компании во Европа, во селекција од 5.000 компании од различни сектори.

Клучната стратегија на Навико Шипинг е да најде начин како најоптимално да ги поврзе извозните и увозните капацитети и побарувања на регионалните компании од Балканот со прекуморските земји и обратно, а воедно и да ги подобри своите дејствија, со цел да ги приспособи оптималните синергии и да додаде вредност на услугите кои им ги нуди на своите клиенти. Соодветствено, асортиманот на услуги кои Навико Шипинг ги нуди денес, претставуваат збир од нивните позитивни идеали и стремежи за напредок од секој аспект.  

Навико Шипинг е целосно интегрирана, како хоризонтално така и вертикално, во бродскиот и камионскиот транспорт. Навико Шипинг овозможува чување и преземање на контејнери, достапност на опрема за товар и истовар, можност за брзо реализирање на увозот и извозот и намалување на финансиските трошоци на фирмите кои се занимаваат со увоз и извоз на стоки.   

Нашата цел е да им обезбедиме на нашите клиенти можност за проширување и развој на своите бизниси вклучувајќи: инволвирање на истите во нови области, истражување на нови бизнис-можности и развивање на веќе постоечки компании на пазарот. Навико Шипинг има исклучителна долгогодишна соработка со најголемите бродски компании во светот, со кои низ годините придонесуваме за подобрување на транспортот и движење на економијата на глобално ниво. 

Спонзори и Партнери