.

Теодор Атанасов прво засилување за новата сезона


Теодор Атанасов прво засилување за новата сезона

Екипата на Академија ФМП почна да го составува ростерот за следната натпреварувачка сезона. Теодор Атанасов е првото летно засилување. Доаѓа од екипата на Куманово, каде настапуваше изминатата сезона.

24-годишниот играч е висок 206cm и настапува на позицијата центар. Во својата кариера има настапувано за Војводина, Алое Плус Ланзароте и Куманово. Го засилува постоечкиот ростер на нашата екипа кој во наредниот период ќе биде надополнет со нови искусни играчи на неколку позиции.

Очекувањата на играчот се :

Нестпрливо чекам да започне новата сезона. Ова ќе биде нов предизвик за мене, но сигурен сум дека ќе се вклопам во системот на новиот клуб. Академија ФМП ми делува како клуб од коj луѓето очекуваат малку и јас верувам дека наредната сезона ќе ги изненадиме многумина со нашата игра. Тренерот и неговиот начин на работа долго ги познавам, така што тоа дополнително ќе ми помогне за да де прилагодам на новата средина. Сум играл неколку пати против Академија ФМП, ми се допаѓа нивното залагање на теренот и нивната енергија, затоа и одлучив да им се придружам наредната сезона и да помогнам да постигнеме што подобар пласман на табелата.“ – изјави Атанасов

Атанасов, кој воеднo има и македонско државјанство, во изминатата сезона имаше просек од 12.5 поени и 6 скокови по натпревар.

Спонзори и Партнери