.

Академија ФМП потпиша договори со Петровски и Димитровски


Академија ФМП потпиша договори со Петровски и Димитровски

Нови членови на нашата екипа се кошаркарите Петровски Лука кој доаѓа од екипата на Куманово и Димитроски Љубиша кој доаѓа од редовите на МЗТ Скопје УНИ Банка.

Нашиот клуб потпиша едногодишен договор со Петровски кој во својата кариера има настапувано за екипите на АБА Струмица, МЗТ Скопје Аеродром, Тирана, Работнички, Карпош Соколи и Куманово каде што беше последните 2 сезони.

Пред се ми е задоволство што ќе го носам дресот на Академија ФМП, бидејќи ова е еден амбициозен клуб со добра организација и услови. Работата со тренерот Петровиќ ми е позната од претходните сезони и се надевам на успешни резултати во наредниот период.“ - изјави Петровски.

18-годишниот Љубиша потпиша двегодишен договор со можност да биде продолжен на уште една дополнителна година. Во својата професионална кариера настапуваше за екипите на МЗТ Скопје Аеродром и МЗТ Скопје УНИ Банка и беше член на младинските репрезентации на Македонија.

Среќен сум поради моето доаѓање во Академија ФМП, пред се ми претставува чест да работа со тренер како Петровиќ, кај кого мислам дека ќе ја усовршам мојата игра и имам можност многу да напредувам. Се надевам на успешна сезона со повеќе победи и напредок во мојата игра“ - изјави младиот Димитровски.

Спонзори и Партнери