.

Обедниковски нов играч, продолжува и Анастасовски


Обедниковски нов играч, продолжува и Анастасовски

Академија ФМП го ангажираше Борјан Обедниковски, додека Никола Анастасовски продолжува и во наредната сезона во клубот каде што има договор на уште 3 години.

19-годишниот Обедниковски кој доаѓа од екипата на Пелистер каде што настапуваше во претходните 3 сезони за првата екипа и за младинските селекции, се обврза на договор со времетраење од 2 години со можност за уште една дополнителна со што нашиот тим продолжува да ангажира млади кошаркари кои ќе ја добијат својата шанса во клубот.

„Во новата сезона очекувам добра тимска игра и напорна работа на целата екипа. Се надевам дека ќе играме брза и модерна кошарка. Повеќето соиграчи се млади и затоа мислам дека борбеноста ќе ја краси нашата екипа и секако очекувам добра атмосфера на теренот, но и надвор од него.“ - изјави Борјан.

20-годишниот Никола кој веќе втора сезона ќе го носи дресот на нашиот тим, а во сезоната 2018/19 беше член на екипата на АВ Охрид, е задоволен од работата на клубот и шансата која ја добива.

Токму овој период и залагањата на клубот ми го проширија видикот и дефинитивно во наредната сезона сакам да сум дел од тимот кој знае и умее да те мотивира, насочи и овозможи шанса да напредуваш и темелно да се посветиш на она што го исполнува секој дел од тебе, а во последниот период ни беше скратено, а тоа е кошарката. 
Очекувам дека со нови сили и личен придонес сите заедно како тим ќе направиме големи успеси и ќе го потврдиме она во кое веруваме т.е. Академија ФМП да биде шанса и пример за сите млади и талентирани играчи.
“ - изјавува Анастасовски.

Спонзори и Партнери