.

КК Академија ФМП започнува со подготовки


КК Академија ФМП започнува со подготовки

Првиот тим на КК Академија ФМП после 5 месеци пауза ги започнува своите подготовки за престојната сезона под водство на новиот тренер Александар Петровиќ во среда во 18:00 часот во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода.

Подготовките за престојната сезона ќе започнат само со домашните играчи Горан Главчев, Дејан Србиновски, Лука Стојановски, Лука Петровски, Бојан Стојановски, Љубиша Димитровски, Славчо Темелковски, Борјан Обедниковски и Никола Анастасовски, додека странските засилувања Теодор Атанасов, Стефан Крстајиќ и Терел Липкинс се очекуваат да пристигнат при крајот на месецот и да влезат во тренажен процес со остатокот од екипата.

Развојот на младите играчи ќе биде наш приоритет сезонава и на секој натпревар одиме да одиграме најдобро што можеме и да го дадеме својот максимум. Пласманот во првите 6 екипи ќе биде награда за нашата напорна работа преку целата сезона, но сепак конкуренцијата е голема и квалитетна.“ - изјави Петровиќ.

Подготовките ќе се одвиваат според сите протоколи кои беа зададени од страна на Кошаркарската Федерација и пред се заштита на нашите играчи и стручниот штаб.

Првиот тренинг на екипата ќе биде од отворен тип за медиумите и фоторепортерите кои ќе мора да ги почитуваат сите протоколи за присуство односно да бидат со заштитна маска, на влезот ќе им биде измерена температура и извршена дезинфекција.

Спонзори и Партнери