.

Изјави пред натпреварот со Гостивар


Изјави пред натпреварот со Гостивар

Пред саботниот натпревар кој го играме против екипата на Гостивар со почеток од 18:00 часот на домашен терен во салата Независна Македонија во Кисела Вода, беше извршено тестирање за Ковид-19, каде што нашиот тим не појави позитивни случаи на вирусот.

„Се среќаваме со една од екипите која претендира да биде во Топ 4 екипи во лигата. Екипа која го задржа костурот од минатата сезона со дополнителни засилувања на одредени позиции.
Нас како екипа која беше во повеќедневен карантин, пред се ни е најбитно здравјето на нашите играчи поради целата ситуација која владее моментално, но не се откажуваме предвреме и одиме да го дадеме својот максимум против фаворитот на овој натпревар.“ - изјави тренерот Александар Петровиќ.

Капитенот Главчер со свое видување за натпреварот - „Екипата на Гостивар е фаворит на хартија, но сепак ние сме млада екипа и не се предаваме и одиме на фактор изненадување. Имавме мал период да се подготвиме после карантинот, но сепак јас и моите соиграчи ќе излеземе на терен со желба за докажување и позитивен резултат.“

Спонзори и Партнери