.

Двојаковски ново засилување под кошевите


Двојаковски ново засилување под кошевите

Тимот на КК Академија ФМП го проширува својот ростер и ја зацврстува играта под кошевите со Оливер Двојаковски. 

23-годишниот Двојаковски доаѓа од екипата на КК Куманово, каде што настапуваше минатата сезона и ка започна тековната натпреварувачка сезона. Во својата кариера настапуваше и во Шпанија и во тимот на КК АВ Охрид. 

“Тековната сезона ја започнав во екипата на КК Куманово, но таа соработка заврши, при што се појави нова можност за мене во екипата на КК Академија ФМП.

Благодарен сум на управата и тренерот кои ми ја даваат оваа шанса да напредувам и да се борам за своето место во тимот.

Доаѓам во екипа која е амбициозна и дава шанса на младите играчи и во секој натпревар го дава својот максимум, воедно и работата на тренерот ми е позната од минатата година во екипата на КК Куманово” - изјави новиот играч на нашиот тим.

Спонзори и Партнери