.

МЗТ Скопје УНИ Банка наш следен противник


МЗТ Скопје УНИ Банка наш следен противник

Нашата екипа после поразот од тимот на Пелистер, гостува кај екипата на КК МЗТ Скопје УНИ Банка во СЦ Јане Сандански на ден 26.12 - сабота со почеток од 15:00 часот. Во 10-тото коло од првенството атакуваме на нова победа и затворање на полусезоната успешно.

„Натпреварот на кој ќе се сретнат две млади екипи кои имаат желба за позитивен резултат. Се надевам дека мојот тим ќе реагира после поразот со Пелистер и дека ќе покаже подобра игра, кој ќе ни донесе победа. Моите играчи влегуваат мотивирано во секој натпревар, без разлика кој е противникот, но доколку го одиграат договореното се надевам на позитивен резултат.“ - изјави Петровиќ пред натпреварот.

„После тешкиот пораз од Пелистер, имаме нова шанса веќе во наредното коло против екипата на МЗТ Скопје Уни Банка, да го поправиме лошиот впечаток.
Доколку го одиграме договореното и тоа што го тренираме, се надевам на позитивен резултат и покрај тоа што играме против екипа која долг период е без првенствен натпревар.“
- Лука Стојановски.

Спонзори и Партнери