.

Навико Академија ФМП ќе учествува во БИБЛ Лигата во сезоната 2021/22


Навико Академија ФМП ќе учествува во БИБЛ Лигата во сезоната 2021/22

Навико Академија ФМП во натпреварувачката сезона 2021/22, покрај настапот во домашното првенство и националниот куп, пријави учество и во БИБЛ Лигата како еден нов предзвик за наредната сезона.

 

Позади нас е успешна сезона во која што успеавме да се пласираме во полуфиналето на Купот на Македонија и да избориме пласман помеѓу најдобрите 8 екипи во домашното првенство. Наредната сезона пред нас е поголем предизвик, освен натпреварите од домашната лига и Купот на Македонија, не очекуваат и натпревари на меѓународна сцена кои ќе бидат пред се искуство и предизвик за нашата екипа.“

 

Навико Академија ФМП заедно со екипите на ТФТ и Куманово ќе бидат претставници од Македонија во БИБЛ Лигата, во која што во сезоната 2021/22 ќе се натпреваруваат и екипи од Израел, Бугарија, Црна Гора и Косово. Регионалното натпреварување кое ќе биде поделено во две групи со по 6 екипи, треба да започне на 5ти Октомври, по претходно извршена ждрепка која е најавена на 26ти Август во Софија.

 

Спонзори и Партнери