.

Бакоч, Кошанин и Миса нови играчи на КК Навико Академија ФМП


Бакоч, Кошанин и Миса нови играчи на КК Навико Академија ФМП

Во наредната сезона КК Навико Академија ФМП ќе биде предводена од тренерот Александар Петровиќ кој го продолжи својот договор со екипата. Најдобриот стрелец во лигата Стефан Крстајиќ и оваа година ќе биде дел од екипата во која договорите ги продолжија и Лука Стојановски, Славчо Темелковски, Оливер Двојаковски, Никола Анастасовски, Никола Груевски, Филип Ѓоргиев. Покрај овие играчи ростерот ќе биде дополнет со нови тројца кошаркари.

Повремениот македонски репрезентативец Филип Бакоч е нов играч во ростерот на КК Навико Академија ФМП. Бакоч кој во својата кариера настапуваше за екипите на КК Карпош Соколи, КК Охрид, КК Еуро Никел и КК МЗТ Скопје Аеродром, во наредната сезона ќе настапува за нашата екипа.

Српскиот плејмејкер  Недељко Кошанин во екипата на КК Навико Академија ФМП доаѓа од екипата на Беовук каде во просек постигнуваше 16.5 поени, 5.6 асистенции и 5 скокови по натпревар.

Видео: https://www.youtube.com/watch?v=89ciyCmbCCA&fbclid=IwAR0A5te0CFDuiWlqyI5GbM25gRJ0kqXOrOjsMdlJ0EY_IfkDd90LIPD4xkw&ab_channel=CreativeSportSolutions

Дамјан Миса кој доаѓа од редовите на КК Црн Дрим Грин Мобиле каде што во просек постигнуваше по 4 поени, 1.6 асистенции и 1.6 скокови во натпревар во својата кариера настапуваше и за екипите на КК МЗТ Скопје Аеродром и КК Куманово, е новото засилување во нашата екипа.

Спонзори и Партнери