.

ЏаШон Смит и Леонид Тодоровски нови засилувања на КК Навико Академија ФМП


ЏаШон Смит и Леонид Тодоровски нови засилувања на КК Навико Академија ФМП

22 – годишниот Тодоровски кој пристигнува од екипата на КК МЗТ Скопје Аеродром УНИ Банка, е новото засилување за екипата од Кисела Вода. 208 – сантиметри високиот центар во својата кариера настапуваше за КК МЗТ Скопје, КК Куманово и КК МЗТ Скопје УНИ Банка, каде што изминатата сезона постигнуваше во просек 9.62 поени и 4.5 скока по натпревар.

Играчот кој настапуваше за младинските репрезентации до 18 и до 20 години, ова лето се најде на поширокиот список на селекторот Бајиќ, но не избори место во сениорската репрезентација.
Покрај Тодоровски, во нашата екипа пристигнува и американското засилување ЏаШон Смит.

Смит кој доаѓа од колеџот Лонгвуд, настапува на позициите 3 и 4 и во последната своја сезона на колеџ постигнува во просек 9.7 поени и 3 скока по натпревар. За Смит ова е прв професионален договор во Европа во неговата кариера и е со важност од 2 години.

Видео - 

 

Спонзори и Партнери