.

Сезоната ја започнуваме на гости кај дебитанот КК Феникс 2010


Сезоната ја започнуваме на гости кај дебитанот КК Феникс 2010

Во првото коло од престојната натпреварувачка сезона во македонското првенство, му гостуваме на дебитантот во лигата, екипата на КК Феникс 2010. Нашиот тим после долгите подготовки и одиграни пријателски натпревари е спремен за новата сезона каде што ќе се натпреварува на два фронта, во домашното првенство и БИБЛ Лигата.

Очекувам добар натпревар и добар почеток на сезоната, после два месеци припреми со нетрпение го очекуваме почетокот на сезоната. Имаме една година повеќе искуство во лигата и новите играчи одлично се вклопија во новата средина.

Задоволен сум од досегашната работа на играчите и од прикажаното во подготвителниот период. Очекувам добра сезона која треба да биде понапорна од претходната, бидејки настапуваме на два фронта Посакувам успешно да ја отвориме сезоната во сабота.“ - изјави тренерот Александар Петориќ кој е задоволен од своите играчи за време на подготовките.

Славчо Темелковски кој настапува 2-ра година по ред за нашиот тим гарантира дека пред нив е еден возбудлив и интересен натпревар за публиката и дека ќе уживаат во добра кошарка.

„Играме против екипа која за првпат настапува во првата лига и сигурни сме дека ќе влезат многу мотивирани и со енергија. Станува збор за екипа која игра модерна и брза кошарка со организирана транзиција во напад и борба за секоја топка. Сепак на наша страна е квалитетот и искуството на екипата надополнета со нашата препознатлива енергија и цврста одбрана. Треба да обрнеме внимание на скок играта и дефанзивната транзиција и сметам дека победата е неизбежна.

Едно можам да гарантирам, а тоа е дека не очекува возбудлив и интересен натпревар за публиката и дека ќе уживаат во добра кошарка.

 

Линк за статистиката од натпреварот.

Пренос  

 

Спонзори и Партнери