.

Ајви е новото странско засилување за екипата на КК Навико Академија ФМП


Ајви е новото странско засилување за екипата на КК Навико Академија ФМП

По стартните два порази од националното првенство од екипите на КК Феникс 2010 и КК Пелистер од Битола, нашата екипа реши да го засили својот ростер и да донесе дополнително засилување за преостанатиот дел од сезоната во домашното првенство и во БИБЛ лигата.

25 - годишниот американски кошаркар е новото засилување за нашиот тим, кој настапува на позициите 1 и 2. Ајви за кого ова е прво интернационално искуство доаѓа од колеџот Сан Хозе Стејт каде во просек постигнуваше по 8,8 поени, 2.7 скока и 2.5 асистенции по натпревар. 

Бре Ајви се приклучува на тимот во наредните денови и ќе биде ставен на располагање на тренерот Петровиќ за натпреварот со Кожув кој го играме наредниот викенд на гости во Гевгелија.

Спонзори и Партнери