.

Стојановски: Имаме квалитет да се носиме со секого


Стојановски: Имаме квалитет да се носиме со секого

Нашето второ учество во натпреварувањето, Купот на Република Македонија, четвртфиналниот натпревар го играме против екипата на Еуро Никел 2005, со која во меѓусебните дуели во тековната сезона имаме скор од една победа и еден пораз.

Натпреварот ќе се одигра во СРЦ Кале, на ден 18.02.2022 петок, со почеток од 19:30 минути, при што победникот од овој дуел ќе се сретне во полуфинале со победникот од првиот натпревар помеѓу екипите на Пелистер и ТФТ.

Нашиот менталитет во Купот е да играме од меч во меч. Имаме квалитет да се носиме со секого. Еуро Никел не го потценуваме, мислам дека може да ги добиеме и по вторпат оваа сезона. Наше е да покажеме што знаеме“, изјави капитенот Лука Стојановски.

Во нашиот прв настап во изминатата година на Купот на Република Македонија, успеавме да се пласираме во полуфиналето каде што загубивме од екипата на МЗТ Скопје Аеродром, по претходно издвојуваната победа во четвртфиналниот натпревар против екипата на Пелистер од Битола.

Спонзори и Партнери