Натпреварот против МЗТ Скопје Уни Банка ќе ни биде прв натпревар, после репрезентативната пауза и Купот на Македонија „Благоја Георгиевски - Буштур“ каде што својот настап го завршивме во полуфиналниот натпревар со поразот од екипата на ТФТ, која и беше освојувачот на Купот.
Николче Божиноски ќе го има своето деби како прв тренер на нашата екипа, откако Петровиќ замина во МЗТ Скопје Аеродром. Очекувањата се со борбена игра и цврста одбрана да се дојде до посакуваниот резултат односно победата.
Натпреварот ќе се одигра во малата сала Јане Сандански со почеток од 17:00 часот на ден 05.03.2022 сабота. Влезот на натпреварот е слободен со покажување сертификат за вакцинација со најмалку две дози или за прележаност на Ковид-19 во последните шест месеци.
Од натпреварот е предвиден и пренос на YouTube каналот на МакБаскет ТВ.