Во дебитантскиот натпревар на Божиноски, како прв тренер на екипата на Навико Академија ФМП, издвојувавме победа со резултат од 63:84. Со сигурна игра под кошевите и со цврста одбрана во првите три четвртини од натпреварот ја осигуравме победата, која беше од големо значење за нашата екипата за задржување на едно од местата кои водат во суперлигата.
Филип Бакоч со 18 поени, 8 скока и 4 асистенции беше предводник на екипата, додека од старната петорка го следеа Крстајиќ и Стојановски со 14 поена и Ајви со 12 поена, 7 скока и 7 асистенции. Во последната четвртина, тренерот Божиноски одлучи да им даде шанса на сите играчи кои само рутински го одведоа натпреварот до самиот крај.
Линк до статистиката од натпреварот.
Во наредното коло од домашното првенство на домашен терен ја пречекуваме екипата на Работнички од Скопје, која во својот ростер донесе три нови странски засилувања.