.

Коло 17: Навико Академија ФМП - Работнички


Коло 17: Навико Академија ФМП - Работнички

Во 17тото коло од Првата лига на домашен терен ја пречекуваме екипата на Работнички, која претрпе играчки промени во последниот период и воедно нов предводник на екипата е Игор Михајловски кој дојде на местото на Тони Симиќ.

Со почеток од 19:30 во сабота во салата Независна Македонија, Кисела Вода, избраниците на Никола Божиноски ќе го пречекаат најтрофејниот тим во историјата на македонската кошарка со голем ресепкт кон противникот, што претставува и дополнителна мотивација за позитивен исход на натпреварот.

По дебитанстската победа како главен тренер Божиноски за натпреварот со Работнички изјави: „Работнички е тим кој мора да се респектира. Голема е честа да се игра со клуб со толку богата традиција, тоа ќе ни претставува дополнителна мотивација за што подобро наше претставување.“

Филип Бакоч кој на претходниот натпревар беше најдобар поединец во победата против тимот од Аеродром, за натпреварот со екипата на Работнички најавува дека домашниот терен и поголемата ротација е предноста на Навико Академија ФМП. 

„Сакаме да ја искористима предноста на домашниот терен и на поголемата ротација во играчкиот кадар во однос на тимот на Работнички. Имавме доволно време да се спремиме за нив, иако за многу краток временски период направија измени во составот, се надеваме на позитивен исход од натпреварот.“ - изјави Бакоч.

Влезот на натпреварот е слободен со покажување сертификат за вакцинација со најмалку две дози или за прележаност на Ковид-19 во последните шест месеци.


Од натпреварот е предвиден и пренос на YouTube каналот на МакБаскет ТВ.

Спонзори и Партнери