Во 19тото коло, гостуваме кај екипата на Ангели во натпревар кој може да се нарече дербито на Кисела Вода. Противник против кого нашата екипа ќе бара продолжување на победничката серија која во овој момент е 3 натпревари, односно победи против екипите на Куманово, МЗТ Уни Банка и Работнички.
„Дерби во Кисела Вода, натпревар кој е од исклучително важен карактер за двете екипи. Ангели е тим кој напредува од натпревар во натпревар, но за нас ова ќе биде историска можност за пласман во Суперлигата.“ - изјави тренерот Божиноски.
„Играме со добро позната екипа за нас од Кисела Вода, која се бори за подобро место во плеј аутот и опстанок во елитата. Од друга страна, ние целиме кон Суперлигата и секако што подобро место таму. Сметат дека притисокот е огромен и кај двете екипи, но на крајот дека ние ќе бидете тие кои ќе славиме и покажеме подобра игра и каракет, две работи кои на красат во овие изминати години. Имавме две недели да се прилагодиме на промената во стручниот кадар и да промениме некои работи во однос на нападот и одбраната. Очекувам голема борба и желба за победа од моите соиграчи“ - изјави Славчо Темелковски.
Натпреварот ќе се одигра на 20.03.2022, недела со почеток од 19:30 часот во салата Независна Македонија во Кисела Вода и истиот ќе биде пренесуван на YouTube на каналот на МакБаскет ТВ.
Линк за пренос
Влезот на натпреварот е слободен со покажување сертификат за вакцинација со најмалку две дози или за прележаност на Ковид-19 во последните шест месеци.