.

Борба за третата позиција против екипата на Гостивар


Борба за третата позиција против екипата на Гостивар

Натпреварот против директниот конкурент за третата позицијата на табелата, екипа на Гостивар ќе се одигра во недела со почеток од 18:00 часот во салата Независна Македонија, Кисела Вода. Натпревар на кој ќе се води голема битка за подобар пласман и повеќе бодови во Суперлигата, на кои двете екипи ќе го дадат својот максимум и ќе пробаат да стигнат до посакуваната победа на натпреварот.

„Гостивар е одличен тим, со високи амбиции и тим кој игра модерна кошарка. Очекувам неизвесен натпревар кој е воедно и борба за подобра позиција на табелата за останатиот дел од натпреварувањето. Очекувам од моите играчи да го дадат својот максимум за да дојдеме до посакувниот резултат.“ - изјави Божиноски.

„Домашниот терен е наша мала предност, но сепак во вакви натпревари не значи ништо. До победата на натпреварот можеме да стигнеме со агресивност во одбраната и паметна игра во нападот и под кошевите. За нас секој бод значи многу за продолжението на сезоната.“ - изјави капитенот Стојановски

Влезот на натпреварот е слободен со покажување сертификат за вакцинација со најмалку две дози или за прележаност на Ковид-19 во последните шест месеци.

Натпреварот ќе биде пренесуван на ТВ каналот МРТ3 и на YouTube каналот на МакБаскет ТВ 

Спонзори и Партнери