.

Освојувачот на Купот наш следен противник


Освојувачот на Купот наш следен противник

Освојувачот на Купот „Благоја Георгиевски - Буштур“, екипата на ТФТ од Скопје е наш следен противник во последниот натпревар од 21-то коло од домашниот шампионат. Противник кој не елиминираше во полуфиналниот дуел на Купот и против кого на домашен терен издвојувавме победа со трите поени на Ајви, постигнати во последниот напад од натпреварот. 

„ТФТ е екипа која игра атрактивна кошарка во висок ритам со многу трчање. Воедно тоа е и тимот кој не елиминираше во 1/2 финале од купот на Македонија и очекувам тежок натпревар со многу жар и борба.“ - изјави Божиноски.

„После пет последователни победи во Првата лига, гостуваме кај екипата на ТФТ, која оваа сезона игра квалитетно и атрактивно, докажувајќи го истото со освојувањето на Купот. Ние ја остваривме нашата цел со пласирање во Суперлигата и во продолжение ни престои борба за што подобар пласман на крајот од сезоната“, изјави Крстајиќ пред натпреварот со ТФТ.

Натпреварот се игра на ден 06.04.2022, среда со почеток од 20:00 часот во СРЦ Кале и истиот ќе биде пренесуван на YouTube каналот на МакБаскет ТВ.

Линк до статистиката од натпреварот.

Спонзори и Партнери