Во последниот натпревар од регуларниот дел од сезоната, го пречекуваме ланскиот шампион, екипата на МЗТ Скопје Аеродром. После поразот од освјувачот на Купот - ТФТ, во последниот натпревар пред Суперлигата се среќаваме со екипата од Аеродром, која е сега предводена од нашиот поранешен тренер Петровиќ.
Натпреварот се игра на ден 08.04.2022, петок со почеток од 17:30, во салата Независна Македонија, Кисела Вода, Скопје. Во рок од 48 часа нашата екипа ќе одигра два натпревари, бидејќи противникот во текот на наредната седмица има настап на финалниот турнир од НЛБ АБА 2 Лигата, кој ќе биде оддржан во Скопје и им посакуваме успех на истиот.
Влезот на натпреварот е слободен со покажување сертификат за вакцинација со најмалку две дози или за прележаност на Ковид-19 во последните шест месеци и бројот на гледачи е ограничен на 75% од вкупниот капацитет на салата.