.

Игор Гацов е нов тренер на клупата на Академија ФМП


Игор Гацов е нов тренер на клупата на Академија ФМП

Кошаркарскиот клуб Академија ФМП го назначи Игор Гацов за прв тренер на сениорската екипа, која ќе се натпреварува во втората македонска лига во наредната 2018/2019 сезона. Игор Гацов досега има соработувано со неколку прволигашки екипи меѓу кои, КК МЗТ Скопје, КК Работнички Скопје и КК Амак СП Охрид. Тренерот кој прв им даде шанса, на тогаш младите и не искусни македонски репрезентативци, Војдан и Дамјан Стојановски во првата македонска лига, на позицијата прв човек на клупата на КК Академија ФМП доаѓа по долгогодишна работа како скаут во неколку европски екипи.

Игор Гацов - биографија

Роден: 27.01.1977 во Скопје, Република Македонија

Во 2009 година дипломира на Факултетот за Физичка Култура на универзитетот св. „Кирил и Методиј“.

Играчка кариера

10 години е професионален играч се до сезоната 2002/2003. Како професионален играч има настапувано во Македонската, Шпанската, Шведската и Норвешката лига. Говори три странски јазици: англиски, шпански и српско-хрватски јазик.

Тренерска и скаутинг кариера

  • 2004 – 2005 Главен тренер на М18 КК Бисери – освоено второ место во Македонија
  • 2005 – 2006 Главен тренер во втора дивизија на Talent school AND1 – освоено прво место
  • 2006 – 2007 Главен тренер во втора дивизија на КК Амак СП Охрид – освоено прво место и соборен македонскиот рекорд со 15 победи по ред
  • 2007 – 2008 Главен тренер во прва дивизија на КК Амак СП Охрид – освоено трето место со најмладиот тим во лигата со просечна возраст од 21.5 години
  • 2009 – 2010 Главен тренер во прва дивизија на КК Работнички – освоено прво место во македонското првенство и шесто место во балканската лига BIBL
  • 2010 – 2011 Главен тренер во прва дивизија на КК МЗТ Скопје - освоено второ место во регуларниот дел од сезоната
  • 2012 – 2017 Скаутинг за екипи од Европа

Достигнувања

  • 2006 – Шампион во втора македонска лига со КК Амак СП Охрид
  • 2008 – Награда за најдобар играч во првата македонска лига за Војдан Стојановски под водство на тренерот Игор Гацов
  • 2008 – Трето место во прва македонска лига со КК Амак СП Охрид
  • 2008/2009 – учество во FIBA EUROPE challenge league со КК Амак СП Охрид
  • 2010 – Шампион во прва македонска лига со КК Работнички Скопје
  • 2011 – Второ место во прва македонска лига со КК МЗТ Скопје

Спонзори и Партнери