По тешко добиениот прв натпревар, престојниот викенд, на 27ми октомври, не чека тешко и пеколно гостување во Кочани против екипата на КК Дино Баскет. КК Дино Баскет досега е со максимален учинок на претходните два натпревари.
Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Љупчо Сантов“ во Кочани, во сабота на 27ми Октомври во 18:00 часот. Правдата ќе ја делат судиите: Р. Мицев, Н. Влахов, В. Ангелов, а делегат ќе биде С. Донев.