.

Убедлива победа за задржување на 100% учинок во Втора лига – Исток


Убедлива победа за задржување на 100% учинок во Втора лига – Исток

Кошаркарскиот тим на ФМП Академија забележа убедлива победа над составот од Македонска Каменица, Баскет Кам со 100-56 во рамките на 9.коло.

Натпреварот беше решен во второто полувреме поточно во последната четвртина кога домашниот тим резултатски се одлепи и од минута во минута само ја зголемуваше разликата. Последната четвртина ја доби со неверојатни 33-1!

Со оваа победа ФМП Академија остана непоразен тим и по ова коло во Втората кошаркарската лига – Исток на Македонија. Идентичен скор од 7-0 има и тимот на Карпош Соколи, следниот ривал на нашиот состав, а дерби натпреварот ќе се одигра на 22 декември в сабота на теренот на Карпош Соколи. На западот, лидер е екипата на Ангели со скор од 8-2.

Натпреварот кој ФМП Академија го игра против Карпош Соколи ќе одлучи кој тим ќе остане непоразен во првиот дел од второлигашкото натпреварување.

Спонзори и Партнери